10 апсурди на екстерното тестирање

01. Прекршен е законскиот рок за објавување на листите со предмети за полагање. Предметите беа објавени 4 дена пред полагање, наместо законските 7 дена;

02. Прекршен е законскиот рок за дозволено одложување на тестирањето. Тестирањето беше одложувано за неколу часови и денови, наместо законски предвидениот половина час;

03. Никој не знае, а и законот не предвидува што ќе се случи доколку ученикот добие незадоволителна оценка (единица);

04. Законот не утврдува кој и во какви ситуации има право да преполага;

05. Тестовите беа пробиени и се ширеа по социјални мрежи;

06. Компјутерскиот систем паѓаше во неколку наврати, во повеќе училишта;

07. Тестовите содржеа прашања од материјал кој не е предаден, ниту научен, некогаш поставени на јазик кој е различен од официјалните јазици во Република Македонија;

08. Кај дел од прашањата ниту еден од понудените одговори не беше точен;

09. Иако препорачани, не биле дозволени помагала, како молив, бел лист и атлас (кои се тие супер-ученици кои можат да решат задача без молив и бел лист?);

10. Цели класови и генерации не успеаа да добијат оценка “одличен  5” поради технички пропусти при тестирањето;

Да притиснеме институциите да ги признаат грешките, бидејќи само така заедно ќе можеме да ги поправаме. Да притиснеме за да не бидат оштетени и уплашени учениците, наставниците, професорите и родителите. Да притиснеме за подобар образовен систем.

Сподели