Се извинуваме, веб страницата е моментално недостапна поради одржување а пристапот до содржините е ограничен. Ве молиме посетете не наскоро. Во меѓувреме за новите информации можете да се информирате на нашата Фејсбук страница.
Тимот на МОФ.

Повик за анкетари за спроведување истражување за

„Студентски трошоци“

 

Младински образовен форум (МОФ) и Здружение на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) во периодот јануари – март 2018 спроведуваат истражување за креирање студентска потрошувачка кошничка. Ова истражување има за цел да открие колку и какви се реалните трошоците на студентите кои што студираат на државните универзитети во Македонија и нивиот животен стандард.

За потребите на ова истражување, распишуваме конкурс за анкетари кои ќе бидат директно вклучени во теренското спроведување на истражувањето.  Теренското истражување предвидува спроведување на прашалници на универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Државен универзитет Тетово, „Гоце Делчев“ – Штип, „Климент Охридски“ – Битола и „Апостол Павле“ – Охрид во текот на февруари 2017.

Со цел соодветно собирање на податоците на терен, за избраните анкетари ќе биде обезбеден еднодневен тренинг на кој е задолжително присуството.  Анкетарите ќе бидат ангажирани во месец февруари и ќе работат во тимови составени од двајца.

Сите заинтересирани потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се пололетни
  • Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување
  • Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност
  • Потребно е познавање на албански јазик (за анкетарите на ДУТ)
  • Согласност да присуствува на еднодневен тренинг
  • Добри комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати потребно е да достават свое CV и контакт податоци, најдоцна до 19-ти јануари 2018 на policy@mof.org.mk со назнака „Пријава за анкетар“. За селектираните анкетари предвиден е финансиски надоместок.

Избраните анкетари ќе бидат известени најдоцна до 22-ри јануари за времето и локацијата за еднодневниот тренинг.

Активностите се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондацијата Отворено општество – Македонија.