На универзитетите се потребни етички кодекси, но потребна е и нивна промоција и практика помеѓу студентите и универзитетскиот кадар

5За континуираната мисија за промовирање и поттцртување на етичките правила се говореше на трибина „Кој ја одржува етиката во универзитетската заедница?“ на 17ти ноември организирана од Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Студентскиот парламент на Универзитетот, Младински образовен форум и организациите членки на Платформа за студентски плурализам.

На светскиот ден на студентите, универзитетската заедница заеднички дискутираше за етичноста во виското образование и улогата на сите инволвирани фактори. 

„Сите иницијативи кои доаѓаат од младинските организации на овој свечен ден се за поздрав, независно дали доаѓаат од Студентскиот парламет, Младински образовен форум, Слободен индекс или Платформата за студентски плурализам  бидејки се насочени кон промовирање на демократија и студентските права.“Никола Главниче, Студентски правобранител на УКИМ.

„Сметаме дека етичкиот кодекс и неговота промоција се голем чекор напред за образованието во РМ, но од голема важност е кодексот да не остане само  на хартија и практично да се имплементира и неговите начела да се пренесат на студентите и академскиот кадар. Особено важно е и студентските организации кои што се дел од образовниот процес да го знаат и почитуваат кодексот, како и неговите начела за демократија и плурализам.“Атанас Димитров, Младински образовен форум, организација-членка на Платформа за студентски плурализам.

Според проф. д-р Кирил Темков – авторот на етичкиот кодекс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ моменталниот етички кодекс ја има срцевината – општи ставови и долги објаснувања на етички норми кои треба да ги насочат сите кон постигнување на највисоките норми на етичко однесување на интелектуалци. „Цитатот на Св. Кирил „Ајде да се натпреваруваме во правење добро“ спаѓа еден во најзначајните ризици во модерното општество.“

„Етичкиот кодекс вели дека не смее да постои наслиство, неморално однесување, не смее да постои корупција и мито, некорекност, и треба да се осудени сите форми на дискриминација“Кирил Спировски, СПУКМ

Трибината беше посетена во голем број од студенти, професори, сенатори и декани на Универзитетот и беа поделени копии од етичкиот кодекс на сите присутни. Овој настан е уште еден дел од кампањата за промоција на етичкиот кодекс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Сподели