Посета на канцеларијата на Народниот Правобранител на учениците на почетниот клуб „ Учиме право„ во Битола

На 13.05.2015, учениците на почетниот клуб Учиме право, беа во посета на канцеларијата на Народниот Правобранител во Битола. Со нив разговараше заменик Народен правобранител – Васил Јовановски, кој во разговор од час и половина се обиде во кратки црти, и на начин интересн за учениците да ги запознае со историјата на институцијата Народен правобранител, работата, надлежностите и со улогата  на Народниот правобранител  како институција која ги штити човековите права.

 Учениците имаа можност да му постават прашања на Народниот правобранител, на кои тој несебично одговараше. Учениците се интересираа за начинот и постапката за избор на Народниот правобранител, како се покренува постапка во случај на повреда на нивните права од страна на државните инстиуции, кој сѐ може да поднесе претставка, на кој начин и во кои случаи. Учениците прашаа и за роковите во кои Надлежниот правобранител е должен да одговори по поднесената претставка и во кој рок институциите се должни да одговорат на барањата на Народниот Правобранител.

По разговорот со Народниот Правобранител, учениците ги продлабочија веќе стекнатите  знаења и се здобија со нови за оваа институција, а со себе понесоа едно прекрасно искуство и отворена покана за повторна посета.

Сподели