Прес-конференција: ​Петиција за екстерното оценување да се прогласи за пилот

Младински образовен форум (МОФ) ве кани на прес-конференција на која ќе ги презентираме натамошните активности кои организацијата ќе ги преземе по повод проблематичното екстерно оценување во Македонија и по повод нашите барања истото да се прогласи за пилот тестирање.

Прес-конференцијата ќе се одржи на 03.07.2013 (среда), со почеток во 12:00 часот, во просториите на МОФ (ул. Дренак 34-а).

На прес-конференцијата ќе бидат најавени претставките кои ги подготвуваме до надлежните институции, петиција која ќе се спроведува во повеќе градови во државата, како и нови информации кои го потврдуваат неуспехот на екстерното тестирање оваа година.

​м​апа: www.0.mk/mofmapa
 ​
Сподели