Мисија и цели

МОФ е младинска организација основана во 1999 година. Организацијата е активна на национално ниво, спроведувајќи ги своите програмски активности во повеќе градови во Северна Македонија: Скопје, Тетово, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Струга, Гостивар, Охрид, Крушево, Виница и Прилеп.

Во младинските клубови на МОФ на годишно ниво членуваат повеќе од 1000 млади луѓе, активни во програмските области Дебата, Учиме право, Артивизам, клубови за демократско учество, новинарски клуб и клубови за претприемништво.

Во рамките на организацијата функционира и првото младинско интернет радио во Македонија, Радио МОФ (www.radiomof.mk).

Визија на МОФ:
Младите се активни граѓани во слободно демократско и интегрирано општество во кое имаат квалитетно образование.

Мисија на МОФ:
Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.

Стратешки приоритети на МОФ:
П1. Современа едуцкација за младинска перспективност.
П2. Ангажирани и самоорганизирани млади кои влијаат за подобрување на општеството.
П3. Информирани млади кои критички размислуваат и слободно се изразуваат.
П4. Унапреден општествен статус на младите преку квалитетни младински и образовни политики.

Сподели